Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од панел-дискусијата на Самитот на албанската дијаспора во Тирана, на која присуствуваа и главните дипломати на Косово и на Албанија, упати пораки и кон Македонија во врска со статусот на Албанците и на албанскиот јазик, пренесе Експрес.

– Што се однесува до албанскиот јазик во Македонија, реална е опасност и мислам дека треба да ја унапредиме состојбата со целиот јазик што сите го зборуваме, рече тој.

Ахмети додаде дека „албанскиот јазик е загарантиран со Охридскиот договор, потпишан и „гарантиран“ и од Соединетите Американски Држави и од НАТО и оти е заедничка одговорноста да се заштити.

– Ја делиме одговорноста: Вашингтон, Брисел, НАТО, албанските политички сили, македонските политички сили. Македонија има иднина само во коегзистенција, во совладеење со Албанците. Без Албанците, Македонија не може да преживее и нејзините денови се одбројани, рече Ахмети.

Извор: Експрес