Сите албански партии заедно со СДСМ на заеднички листи на претстојните парламентарни избори е желбата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, која ја откри во интервјуто за ТВ21, објави оваа телевизија.
Тоа е целта според Ахмети, како што објавува ТВ 21, и на Европскиот фронт.
– Ова е прашање, за кое мора да се разговара. Тоа не е ненадминливо прашање. Тоа не е ненадминливо разидување во ставовите. Подготвен сум за една заедничка листа. Значи, сите албански партии на една листа, денес тоа е техника, вели Ахмети.
Запрашан дали мисли оти сите политички партии треба да бидат со ДУИ, тој одговори:
– Со нас, но секоја партија со своја самостојност. Подготвени сме и за овој Фронт за Европа, подготвени сме да влеземе и со македонска партија, во овој случај со СДСМ, одговара Ахмети.
Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, ели декја се уште е разно да се мисли на тоа:
– Се уште е рано да се зборува за заеднички листи, но ние сме отворени за секаков вид на соработка. Во изминатиот период многупати е докажано дека СДСМ има најголем и најпосакуван коалициски капацитет од сите политички чинители на сцената во РСМ. Подеталните анализи и анкети од органите на СДСМ секако ќе бидат објавени околу тоа како ќе дејствуваат социјалдемократите во идниот период, вели Костовски, пренесува Експрес.
Тој е убеден дека СДСМ ќе ја води Владата и по редовните избори, кои ќе се одржат во 2024 година.
Ахмети во интервјуто за ТВ 21 со став дека треба да се одржат заеднички претседателски и парламентарни избори.
– Ова е прашање, за кое расправаме дали ќе одиме на претседателски избори сега со парламентарните избори. Но тоа е прашање, за кое треба да расправаат сите политички партии. Има поделени мислења. Некои сметаат дека треба заедно да се одржат, други мислат дека треба да има претседателски избори, па потоа парламентарни, вели Ахмети.