Реакцијата на амбасадорката на САД во земјава околу изборот на новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази е принципиелна, вели претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети.
Коментирајќи ја реакцијата, Ахмети вели дека токму неговата партија за ова прашање со години бара ветинг на сите државни институции.
„Изјавата на американската амбасадорка е принципиелна. Борбата против криминалот на корупцијата мора да биде бескомпромисна. Изборот на законодавните тела треба да бидат независни органи и сето ова време промовиравме дека извршната власт треба да биде независна и ние веќе неколку години инсистираме да се направи ветинг, во сите државни институции“, изјави Ахмети.
Американската амбасадорка Анџела Агелер го критикуваше изборот на новиот шеф на обвинителството, изразувајќи отворено незадоволство од начинот на кој Абази стана шеф и рече дека резултатите ги сметаат за збунувачки.