Независно од тоа што овие избори беа без волја, сепак законот требаше да се почитува. Поради немањето искуство на актуелното раководство на општината, неизбежно беше да се почитува законот за да се организираат избори за Советот на општина Тетово. Иако неучеството беше многу големо на овие избори, за жал и во непогодно време, сепак тоа е демократијата и ние ја почитувавме, изјави вечерва Али Ахмети признавајќи го поразот на ДУИ во Тетово.
Досегашните резултати од 76% од изброените гласови се следните:
ДУИ-7706 гласа
Беса-8341 глас
ДПА-788 гласа
Алијанса-614 гласа
Алтернатива-699 гласа
ВМРО-2169 гласа
СДСМ – 1313 гласа
Листа подобро за Тетово – 414 гласа
Левица – 347 гласа
Турската партија – 164 гласа
Ромската партија 104 гласа
Интегра-94 гласа
Ахмети додава дека за нив се важни процесите.
„За нас е важно и понатаму да инвестираме во демократските стандарди почнувајќи од изборните процеси се до силно инсталирање на владеењето на правото на правната држава. Посакуваме наредниот Совет независно од бројките да биде функционален и да не се прават грешките кои се правеа во минатото“, изјави Ахмети.