Со храбри и мудри одлуки решивме предизвици кои на сите ни се чинеа невозможна мисија, објави денеска пратеникот во македонскиот парламент и лидер на ДУИ, Али Ахмети.
Тој на Фејсбук ја споделува радоста за почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Во продолжение целата објава од Ахмети:
Почитувани граѓани,
Започнуваме ново поглавје. Секогаш докажувавме дека заедно можеме да го надминеме секој предизвик. Европа е наш дом и немавме избор и покрај пречките што ги поминавме. За овие 20 години покажавме дека знаеме да водиме и насочиме големи процеси за доброто на сите граѓани, со голема поддршка од нашите меѓународни сојузници, а особено од Брисел и Вашингтон.
Со храбри и мудри одлуки решивме предизвици кои на сите ни се чинеа невозможна мисија и ги затворија отворените. Воедно, не отстапувавме во никој случај од европскиот курс, од реформите и градење добрососедски односи и регионална соработка. Остануваме посветени на спроведување на реформските процеси и постигнатите договори.
Патувањето сигурно не беше лесно, но не беше ни невозможно бидејќи беше јасна нашата ориентација кон големото европско семејство.
Ја користам оваа прилика да им честитам на сите наши граѓани за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе ви обезбедам јасни перспективи, националната безбедност, регионот и повисока благосостојба
Продолжуваме напред со целосна храброст, одлучност и максимална посветеност!