Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД, Даниел Костеланчиќ, директор за Балканот во американскиот Стејт Департмент и амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнс, се вели во соопштението на партијата.
Ахмети и американските авторитети размениле мислења во врска со политичките случувања во Македонија, членството во НАТО како и предвремените избори.
Ахмети истакнал дека ДУИ е гарант на Преспанскиот, Охридскиот, како и Договорот за добрососедство со Бугарија од кои нема враќање назад во ниту еден случај.
Лидерот на ДУИ, Ахмети им се заблагодарил на американските авторитети за големата помош во нашите напори за добивање на датумот за започнување на преговорите со Европската Унија, но уште повеќе за нашиот успешен пат за членство во НАТО во следните месеци.