Секој ден на слободно и независно Косово е потсетник за посветеноста на слободата, на која од сите наши земји одговоривме за зачувување на корените на неговиот албански идентитет, пишува во честитката од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повод годишнината од независноста на Косово.
– 17 февруари е повеќе од државен празник, тоа е народна благодарност за славното дело на мачениците, тоа е правдата воспоставена на нејзино место, тоа е тестамент за продолжување на патот на напредокот на Косово. Вечно да ни е слободно Косово и вечен да е споменот на тие што го бранеа! Среќен!- пишува во објавата на Ахмети на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Добро би било кога Ахмети, од чија партија е составена половина Влада на Република Македонија, вака би се борел и за македонскиот идентитет, во преговори, порано со Грција, а сега и со Бугарија.