Непосредно пред изгласувањето на техничката влада, која за првпат ќе биде предводена од премиер Албанец, лидерот на ДУИ беше видно расположен.

Денот му започна со песната на Калош Дани.

Артан Груби реши да го овековечи тој момент, па ги сними и видеото го објави на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани“, напиша Груби во описот на видеото.