Министерот за транспорт и врски вчера ја овековечи љубовта со Маринела Серафимова.
Меѓу гостите во Штип беше и министерот за земјоделство и негов сопартиец, Љупчо Николовски со сопругата Андријана, која сподели фотографии од венчавката.
Избраничката на министерот е дипломирана докторка, со која заедно се помалку од две години.
Црковното венчавање беше извршено од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со митрополитите г. Иларион и г. Јаков во храмот Свети Никола во Штип, а свадбата е закажана за наесен.