Ајакс ја запиша втората победа во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) откако вечерва беше подобар од Бешикташ со 2-0, додека Интер мораше да се задоволи со бод на гостувањето кај Шахтјор.

Тимот од Холандија до водство стигна по 17 минути игра, додека Холер во завршницата на првиот дел зголеми на 2-0. Гостите први имаат огроман шанса да победат, но е успеаја да постигнат гол по што доживеаја пораз.

Ајакс по две одиграни кола има шест бодови во групата Ц, три има Борусија Дортмунд, а без бодови се Бешикташ и Спортинг.

Интер имаше неколку добри шанси против Шахтер, но не искористи ниту една од нив. Един Џеко можеше да ги израдува гостите од Милано, но не успеа бидејќи од само неколку метри го промаши цел гол.

Во групата Д по еден бод имаат Интер и Шахтер, додека Реал Мадрид и Шериф имаат по три и допрва треба да го одиграа нивниот дуел од второто коло.