Ајакс се обидува да го изнајми дефанзивецот Матијас де Лихт од Јувентус, пишува авторитетниот португалски весник „А Бола“. 20-годишниот талент се префрли кај „бјанконерите“ токму од гигантот од Амстердам во текот на летото за 70 милиони евра. Сега, сепак, Холанѓаните го тестираат теренот за можноста да го вратат во „Амстердам Арената“.
Де Лихт беше привлечен во Јувентус со големи очекувања, но се чини дека има потешкотии да се прилагоди на стилот на игра во Серија „А“. Тој доби сериозна шанса да се најде во составот на тимот од Торино по повредата на Џорџо Киелини, но не е особено убедлив со неговиот настап. Холанѓанецот е критикуван за својата игра со екипата на „бјанконерите“, особено откако направи неколку пенали за играње со рака во шеснаесетникот.
Маурисио Сари го остави Де Лихт надвор од составот за последните три натпревари на Јуве. Во исто време, неговиот заменик Мерих Демирал се претстави добро и има сериозна шанса да го смени 20-годишниот талент од почетните единаесет. Ова дополнително ја доведува во прашање иднината на Де Лихт во Јувентус.