Македонските ракометари ја избришаа додавката Северна на автобусот со кој се возат на Европското првенство (ЕП) во Австрија кое почна вчера и остана само Македонија.

Претходно тоа го стори македонскиот голман Борко Ристовски кога на подготовките во Словенија ја покри Северна пред името на нашата држава.

Сега на автобусот си пишува само Team Macedonia, како што беше случај на сите првенства досега.