Приватниот центар за стручна обука ,,АкадемијаЛеонтиќ’’ од Скопје, ги реализира активностите за теренска пракса кои се дел од наставната програма при изработка на фризура и шминка.
Модната ревија, се одржа на 20.06.2018 година во Скопје на Технолошкиот и Металуршкиот факултет. На оваа теренска пракса, која беше и дел од Евалуацијата и Дисеминацијата на проектот преку ЕРАСМУС+, со проектот, „Преку пракса до перфекција“, кандидатите кои беа на мобилност во Рига, Латвија и Вилниус, Литванија со своите придружни лица се преставија со фризура и шминка на завршната модна ревија на студентите преку Технолошкиот факултет, раководено од професорката, модниот дизајнер Лидија Горгиева.
На оваа модна ревија, кандидатите го пренесоа своето стекнато искуство на мобилноста преку проектот ЕРАСМУС+. Преку теренската пракса, кандидатите имаа можност да се престават и стекнат уште едно големо искуство како да се биде учесник и на теренска и тимска пракса.