Што се случило со некои од раководителите на тајната полиција на Третиот рајх останува тајна, но неспорно, најзагадочно е прашањето за судбината на Хајнрих Милер, шефот на СС службите. Тој бил и еден од шефовите на Гестапо поради шо го нарекувале и Милер Гестапо.

Тој бил една од највлијателните фигури во време на нацистичкиот режим. Од него тргнувале сите наредби за смртни казни, а по обидот за атентат врз Хитлер, тој основа специјална комисија за истражување по што се убиени околу 7000 луѓе.

Официјално, пред капитулацијата на Германија тој се самоубил, но со текот на времето се појавуваат докази дека тој ја исценирал сопствената смрт.

Првиот кој јавно ја раширирил таа теза е генералот Ханс Ратенхубер. Според неговите зборови Милер се обидел да избега на 2 мај, но бил заробен од советските војници и одведен во Москва, каде, се претпоставува, бил врбуван како советски шпион.

Ратенхубер исто така бил меѓу заробените и раскажувал дека заедно со Милер планирале бегство, но потоа се раздвоиле.

Официјалната верзија е дека Милер бил откриен мртов во униформа на СС. Иако лицето му било накажано и непрепознатливо, во џебот од униформата биле најдени негови докуемнти што било доволно да се тврди дека мртвото тело е на Милер.

Но, на почетокот на 50-тите години се појавуваат тези дека тој е жив. Писателот Валтер Шеленберг издал книга со која предизвикува сензација, а во која тврди дека Милер станал советски шпипон уште додека бил шеф на Гестапо.

По Курската битка, на многу германски политички и воени лица им станува јасно дека војната е загубена и затоа бараат начин како да се спасат.

Во тесен круг на луѓе Милер говорел дека е воодушевен од умешноста на советските шпиони, а многумина верувале дека тој е подготвен да соработубва со нив.

Дента кога Милер исчезнува, исчезнува и неговиот близок пријател Кристијан Шолц кој живеел во неговиот дом во Берлин.

Тоа довело до заклучок дека Милер се поврзал со советското разузнавање, а откриеното тело всушност е на Шолц.

Тие теории стануваат се популарни, па во 1963 година се врши ексхумација на неговот тело по што се утврдува дека тоа не Милер. Така, мистеријата што се случило со шефот на најстрашната полиција во историјта на човештвото останува.