Оваа година се навршуваат 75 години од прогонот на македонските деца од егејскиот дел на Македонија, па затоа денеска, на 20 јуни – Меѓународниот ден на бегалците, востановен од Обединетите нации, уште еднаш не треба да ги заборавиме и треба да се потсетиме на децата бегалци од Егејска Македонија, пишува академик Љупчо Коцарева во денешната колумна во Нова Македонија.
„Меѓутоа, денес, не треба да се заборави ниту Договорот со Грција, со којшто се изврши културен геноцид над Македонците од Егејот. Откажувајќи се од Македонците од Егејска Македонија, Македонија како држава, всушност, и за жал, се откажа и од Македонците во Република Македонија. Па затоа, не треба да ги заборавиме, никогаш и за навек, туѓите, наметнатите однадвор, но уште повеќе и сопствените понижувања. Токму од овие причини, денес, одбележуваме два настана за незаборав: депортацијата на над 38.000 дечиња во 1948 година од Егејска Македонија и понижувачкиот договор со Грција од 2018 година. Но, за жал, луѓето сè повеќе забораваат, не паметат“, пишува академик Коцарев.
Натаму во колумната додава:
„Во деновите и месеците што доаѓаат во годината 2023-та, нам најмногу ќе ни бидат потребни трошка ум и длабоко паметење, со и во срцата. Ум, за решително да им кажеме „НЕ“ на многубројните надворешни и домашни лукративни политичарчиња, на ситните души што за разни ветувања и грст долари продадоа и предадоа сè што е македонско. Паметење, за да ги паметиме сите неправди, физичките – егзодусот на децата бегалци од Егејска Македонија во 1948 година, и духовните – културниот геноцид во 2018 година“.
Договорите со Грција и со Бугарија, пишува Коцарев во колумната, праќаат невистинита и бесмислена порака: Македонците се народ без корен, кои постојат од 1945 година, само во границите на денешна Република Македонија. Меѓутоа, ние, Македонците, сме народ со милениумска култура и историја, а Македонија претставува колепка на словенската писменост и култура.
Целата колумна може да ја прочитате ТУКА.