Почетокот на новата академска година, во Албанија, денеска е проследен со протест на универзитетски професори и вработени во високите образовни институции низ Албанија.
Протестот дојде откако не беа слушнати барањата на просветарите, кои беа претставени на протестот на универзитетските професори во петокот пред Универзитетот за уметности во албанскиот главен град Тирана, вклучително и зголемување на платите и финансирање за истражување.
Бараат зголемување на платите за 30 отсто оваа и 20 отсто следната година, за да се достигне барем нивото на платите на државните универзитети во Косово, бидејќи, според нив, имаат најниски плати во регионот.
Министерката за образование, спорт и млади Евис Куши вчера во пораката во која на студентите им посака успешна академска година повтори дека владината поддршка ќе биде онака како што е одобрено: да се зголемат платите на професорскиот кадар за 15 отсто, од кои 7 отсто ќе бидат покриени веднаш од државниот буџет, а остатокот од приходите на универзитетите.
Протестот во сите јавни универзитети, ќе се одржува секој ден во дворовите на факултетите од 10 до 12 часот.