Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во интервју за Си-Ен-Ен Турк изјави дека земјата нема намера да влегува во судир со Русија во Идлиб, а единствената нивна цел се сириските војници.
-Немаме намера да влегуваме во судир со Русија. Нашите преговори за Идлиб не се во ќорсокак, тие ќе бидат продолжени. Нашите набљудувачки пунктови, исто така, ќе продолжат да функционираат, рече министерот.
Тој, исто така, не ја исклучи можноста Анкара и Москва да почнат таму да спроведуваат заеднички патроли.
-Сето тоа може да се направи. Главно е да се примени меморандумот од Сочи, рече министерот во коментар на информацијата на неколку медиуми дека Анкара и Москва можат да почнат заеднички патроли во регионот на Идлиб.
Турскиот министер за одбрана забележа дека воените експерти на двете земји поддржуваат „здрав дијалог” во однос на актуелната ситуација во Идлиб.