Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит ги негираше на својот профил на Твитер тврдењата на Хашим Тачи дека државата ја признала независноста на Косово.

Џонсон Смит објави ре-твит на Тачи, коментирајќи дека „Јамајка не го признала Косово како независна држава“.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи вчера во својата порака на својот профил на Твитер објави дека Јамајка го признала Косово.