Турција нема да и дозволи на Грција да ги спречи активностите во источниот дел на Средоземно Море, изјави денеска турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар.

Минатата недела Анкара соопшти дека грчка фрегата вознемирила турски брод кој извршува сеизмолошки истражувања во источниот Медитеран.

Акар истакна дека ниту еден проект нема да може да биде реализиран во источниот дел на Средоземно Море без учество на Турција и Севернокипарската турска република, која е призната само од Анкара.