Полициски службеници од Македонски Брод вчера на место викано Барбарас привеле лице (32) и еден малолетник, двајцата од с. Дебреште, прилепско.

Како што соопшти МВР, при извршена контрола во патничко возило „голф“, во кое се превезувале, им биле пронајдени огревни дрва без соодветна документација и моторна пила. По целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.