Казни на 174 пешаци за 4 часа им се изречени во вчерашната акција на МВР која е спроведена во Македонија, соопшти министерството.

„Во текот на вчерашниот ден (31.01.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 174 пешаци од кои, 143 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин“, соопшти МВР.

На територија на СВР Тетово 40 санкции, на територија на СВР Штип 34 санкции, на територија на СВР Битола 28 санкции…

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, се вели во соопштението од МВР објавено на нивниот официјален профил на Фејсбук.