Властите во Унгарија изгореа повеќе од 1.000 хектари земјиште на кое се одгледувало пченка, со намера да ја очистат почвата од сите прехрамбени производи поврзани со Монсанто.
Во рамките на комплетното уништување запалени се преку 5.000 хектари површини.
Откако Унгарија ги забрани генетски модифицираните семиња, владата одлучи да ги уништи преостанатите површини на кои се посеани ГМО семиња пред стапувањето во сила на забраната, пишува Ourdailydeas.com.
Иако од трговците со семиња во Унгарија се бара задолжително да имаат уверение дека нивните производи не содржат ГМО, властите велат дека ќе продолжат со акцијата. ГМО семињата од Пионир и Монсанто се пронајдени помешани со природни семиња, веројатно случајно.
Унгарија спали илјадници вакви илегални ГМО посеви во текот на претходните години. Огнот е најдобар начин да се сотрат таквите површини, зашто ја уништува нивната вештачка ДНК и го запира ширењето во не-ГМО растенија.
Унгарија зазеде цврст став против ГМО. Во Уставот се вели:
„Унгарија ќе промовира ефикасна примена на правото од став (1) од страна на земјоделство без генетски модифицирани организми, обезбедувајќи пристап до здрава храна и вода за пиење, организирање заштита при работа и здравствена заштита, подржувајќи спорт и редовни физички вежби, како и обезбедување на заштита на животната средина“.
Ова е сосема спротивно од САД, каде што ГМО не се илегални, и нема сериозни барања за етикетирање. Монсанто цврсто се држи до правниот и политички систем во САД, кои не се над дискредитацијата на научниците кои откриваат опасности предизвикани од нивните производи.
Америка се повеќе се издвојува како премногу попустлива во поглед на ова прашање. Русија исто така ги забрани ГМО посевите, а голем број земји во Европа забранија одгледување на Монсанто ГМ пченка. Меѓу нив се Швајцарија, Италија, Полска, Австрија, Германија, Франција, Грција, Луксембург и Романија.