Играчите на Манчестер Сити ќе поделат вкупно 20 милиони фунти при освојување на титулата денес, тврди британското издание „Сан“.
Токму толку е тимската премија која раководството на тимот ја вети при победа над Брајтон. При освоени три поени во последната рунда тимот ќе си обезбеди одбрана на титулата во Премиер лигата, што беше и главната цел на тимот.
На овој начин тимот на Пеп ќе освои втор од трите можни трофеи, а може да ја заврши сезоната и со три титули во случај да успее да го победи и Ватфорд во финалето на ФА Купот следната недела на „Вембли“.
Премијата за играчите за титулата беше зголемена за 25 отсто во однос на премијата од минатата сезона.