Истражувањето кое го спровело американското министерство за земјоделство покажува дека чувањето на лубеницата во фрижидер пред консумирање е огромна грешка која честопати ја правиме.
Имено, како што велат експертите, лубеницата треба да се чува на собна температура за да ги задржи сите хранливи состојки со кои изобилува. Кога е ладна, лубеницата го губи поголемото количество на витамини и хранливи материи.
Уште една работа која научниците ја откриле е дека лубеницата продолжува да произведува витамини и други хранливи материи и откако е набрана, но повторно – само доколку се чува на собна температура. Кога се става во фрижидер, тој процес значително се забавува.
Во склоп на истражувањето, научниците 14 дена чувале лубеници на 21, 12 и 5 степени, а резултатите покажале дека лубениците кои биле чувани на 21 степен имале 40 отсто повеќе ликопен и од 50 до 139 отсто повеќе бета каротен.
“Секоја намирница ставена во фрижидер ги губи здравите материи. Затоа лубеницата треба да ја купувате во помали количини и веднаш да ја консумирате. Секогаш и за секое овошје важи правилото да се консумира веднаш или да се замрзне и да се користи наесен или зима. Најмногу хранливи материи се губат кога овошјето се чува во фрижидер”, вели нутриционистката Милка Раичевиќ.
Лубеницата се состои од 90 отсто вода и е најдоброто овошје за освежување во летните денови. Поради ваквото својство, таа е идеална и за диети, а полна е со хранливи состојки како витамин А и Ц, бета каротен, ликопен, железо, цинк и многу други минерали