Дека лукот има лековити својства е познато уште од минатото. И покрај тоа што има непријатен мирис, лукот спаѓа во групата на најздрава храна.

Ова лековито растение е вистински резервоар со минерали, калциум, железо, фосфор, сулфур, Витамин А, Б1, Б2, Ц…

Лукот е одличен лек против настинки затоа што помага при отстранување и намалување на густиот секрет. Исто така делува и против грчеви и воспаленија. Тој го зајакнува имунолошкиот систем, а притоа ги намалува гасовите, дијареата…

Лукот делува смирувашки врз нас и го подобрува расположенито… Лукот има антибиотско дејство кој делува на бактериите, вирусите и паразитите. Го намалува крвниот притисок како и нивото на холестерол во крвта. Покрај тоа, го спречуваат згрутчувањето на крвта. Се верува оти лукот го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања и  инфакрт дури за 50 проценти.

Лукот содржи многу состојки со антиканцерогено дејство за кои се верува дека влијаат на спречување и на појавата на рак.