Ако нема безбедносни закани тогаш зошто му е државно обезбедување на Венко Филипче? Добро е власта да излезе со прецизна пресметка колку ќе ги чини граѓаните безбедноста на Венко Филипче. Врз основа на кој основ му е доделено обезбедување кога веќе самиот тврди дека нема безбедносни закани. По златните чинии кои ги набави Ковачевски, специјално нарача и ново луксузно државно возило Шкода Суперб за Зоран Заев со целосно обезбедување и државното лично обезбедување за Венко Филипче, е уште една забеганост на власта на СДСМ, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по информацијата дека и покрај тоашто нема закани, поранешниот министер за здравство добил државно обезбедување.