Горе на Водно се случува вистинска драма! Багерите утрово тргнале, a активистите со жив штит ја бранат планината (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”).

Денеска на Водно дојде до судир меѓу активистите и градежниците. Граѓаните во голем број застанаа во одбрана на планината и побараа да се прекине со изградбата, но власта по секоја цена продолжува со градежните активностите.

Горе на Водно се случува вистинска драма!!! Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со ЖИВ ШТИТ ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”, пишува Димитар Апасиев на Фејсбук.

На ТВ Алфа не ѝ даваат да одат горе и снимат, Град Скопје не пуштаат. Рампата останува спуштена, пишуваат од граѓанската иницијатива Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно на ФБ.
Легнавме пред багер, шефот на оваа турлитава му нареди на работникот да не помине. Срамота е што сѐ ќе направат за парите, пишува еден од активистите кој е дел од живиот ѕид на Водно на својот Фејсбук профил.