Активисти за права на животните се соблекоа голи и се полија со црвена боја во центарот на Барселона во протестен перфоманс против индустријата за кожа и крзна.
Пријатели на животните легнаа на тло еден врз друг, на една од главните туристички и шопинг дестинации во Барселона.
Една активистка држеше натпис со порака – Колку животи за само еден капут?
Протестите ги организираше шпанскиот огранок на невладината органзиација за права на животните Анима Натуралис.
– Ја спроведовме таа акција за да подигнеме свест за фактот дека повеќе од 32 милиона животни секоја година ги убиваат за да направат од нивната кожа едноставни модни предмети, рече координаторката Кристина Ибанез.