Талибанците денеска објавија дека ја контролираат целата територија на Авганистан, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на ТВ Ал-Арабија.

Во изјавата на талибанците што ја пренесе таа телевизија се наведува дека нема борби во главниот град Кабул. Талибанска делегација преговара во претседателската палата во Кабул, каде денеска се очекува официјално предавање на власта, се наведува во извештајот на ТВ Ал-Арабија.

Ал Арабија објави дека претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, ќе поднесе оставка во следните неколку часа. Авганистанскиот министер за внатрешни работи Абдул Сатар изјави претходно дека предавањето на власта ќе биде мирно и дека талибанските единици нема да воидат борби за да го освојат главниот град.