Борис Џoнсон се очекува да побара   Парламентот оваа недела  да разговара заради влошената ситуација во Авганистан, јавија британски медиуми.

Талибанците влегоа во предградија на Кабул, и во тек е масовна евакуација на западните граѓани, вклучително и вработени во британската амбасада и службеници.

Министерството за внатрешни работи во Лондон потврди дека работи на заштита на државјаните на Велика Британија и други поранешни вработени  кои исполнуваат право да ја напуштат земјата.

Спорадични пукотници се регистрирани во Кабул денеска во момент кога претседате3ло Ашраф Гани објави сите бработени да заминат во своите домови. Голем број контролни пунктови се урнати и на улиците е видлика паника кај луѓето, јави Си-Ен-Ен.

Од американската Амбасада  хеликоптер по хеликоптер пренесува американски и западни дипломати и цивили до воената страна на аеродромот во Кабул. Еден по друг, Чинук и Блек Хок летаат во зоната на слетување.

На аеродромот, десетици американски и британски транспортни авиони ги чекаа своите патници, лентата за слетување е обезбедена од новодојдените американски војници.

Во Кабул, долги редици се формираа надвор од банките и неколкуте банкомати во градот, додека жителите брзаа да подигнат готовина.

„Сите се во паника“, вели жител на градот за ВС Џурнал

„Ако владата се плаши, се разбира дека луѓето се плашат уште повеќе“.

Авганистански официјален претставник рече дека силите во воздухопловната база Баграм, во која се наоѓа затвор во кој се сместени 5.000 затвореници, им се предале на талибанците.

Шефот на округот Баграм, Дарвајш Рауфи, изјави дека базата им е предадена на бунтовниците.

Во затворот биле сместени и талибанци и борци на ИД.