Осум лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Унгарија што се случи утрото.

Автобус со унгарски патници излета од автопатот М7 што ја поврзува Будимпешта со езерото Балатон. Автобусот се превртел, а причината за несреќата се уште не е разјаснета, соопшти полицијата. Две лица се тешко повредени, а 46 се со полесни повреди.