Влијателниот ирачки шиитски свештеник, Моктада ал-Садр, изјави денеска дека заврши кризата во Ирак, по реториката за деескалација на Иран и на САД и ги повика милициите да не спроведуваат напади.

Нова силна ирачка влада способна да го заштити суверенитетот на земјата и независност треба да се формира во наредните 15 дена, се вели во соопштението на Садр. Според него, Ирачаните се уште треба да се залагаат за протерување на странски трупи.

Ги повикувам ирачките фракции да бидат внимателни, трпеливи и да не иницираат воени активности и да исклучуваат индивидуални екстремистички гласови се додека не се исцрпат сите политички, парламентарни и меѓународни методи, рече тој.