Германскиот весник „Шпигел“ ги објави денеска финансиските детали од трансферот на австрискиот репрезентативец Давид Алаба од Баерн Минхен во Реал Мадрид.
Според весникот, договорот на Алаба е со важност до лето 2026 година, а универзалниот дефанзивец ќе заработува во Кралскиот клуб 19,47 милиони евра по сезона.
Откупната клаузула за предвремен раскин на соработката изнесува 850 милиони евра.
Алаба, кој ова лето без обесштетување премина во Мадрид по 13 сезони минати во дресот на Баерн Минхен, во моментов не тренира со екипата на Реал и е во самоизолација поради позитивен тест на коронавирус.