Брод со околу 400 мигранти плута меѓу Грција и Малта и се полни со вода, објави синоќа службата за помош „Аларм Фоун“.
Од службата на Твитер објавија дека во текот на ноќта добиле повик од бродот, кој испловил од Тобрук во Либија и дека ги известиле властите.
Но, властите засега не започнале спасувачка операција, додаваат од службата.
Германската невладина организација Sea-Watch International на Твитер објави дека го пронашла бродот и дека во близина има два трговски брода.
Од организацијата додадоа дека властите на Малта им наредиле на бродовите да не ги спасуваат мигрантите и дека еднаш им било кажано да и даваат само гориво.
„Аларм Фоун“ соопшти дека мигрантите се во паника и дека на неколкумина им е потребна медицинска помош. Им снемало гориво, а долната палуба била полна со вода. Капетанот ги напушти и нема никој кој може да управува со бродот.