Наместо тие што работат со години на определено време, се примаат други лица од надвор, реагираат од Унијата на медицински сестри, објави Македонската радио телевизија (МРТ).
Медицинските работници чекаат потег од власта дали вработувањата кои со години им беа на определено ќе се трансформираат во редовен работен однос. Од Унијата на медицински сестри тврдат дека додека тие чекаат, на конкурсите се примаат луѓе однадвор.
Медицинските сестри, но и болничари, лаборанти, технички персонал живеат во неизвесност. Чекаат потег од власта дали вработувањата кои со години им беа на определено ќе се трансформираат во редовен работен однос.
Од Унијата на медицински сестри тврдат дека додека тие чекаат, на конкурсите се примаат луѓе однадвор. Наташа Јанчиќ – Менковски разговараше со претседателката на Унијата, Гордана Бешлиовска.