Лазе Ристески (34), лице со посебни потреби, го напушта домот вчера утрото во 06 часот и му се губи секаква трага. Лазе е облечен во долни сини тренерки, во влечки и носи црвен ранец, пишува прилепскиот портал Маркукуле.
Живее на адреса „Никола Петров Русински” бр.40.
Неговото семејство и пријателите го бараат во изминатите 24 часа, но не можат да го пронајдат и веќе ги имаат известено сите надлежни органи и полцијата.
Секој кој има било каква информација, да се јави на телефонскиот број: 077/ 791-460.