Ги дели само една улица во центарот на Скопје, а контраст на сликите како да се во два различни света – старото скопско маало Крњево и новиот трговски центар Ист гејт мол.

„Елементарна негрижа за хигиената на територијата на цела Општина Центар. Крњево е едно од населените места каде што жителите како да живеат во 19 век, според условите на терен, наспроти сјајот на Ист Гејт Мол. Ова се фотографии од оваа континуирана негрижа, односно неводење сметка за хигиената во ова населено место кое се наоѓа на атрактивна локација на само околу 2км од строгиот Центар на градот, реагираат од Општинскиот комитет Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму потенцираат дека „центарци“ не заслужуваат ваков третман и апелираат општината на чело со градоначалникот Горан Герасимовски да се фати за работа, зашто најмалку од него што се очекува е водење грижа за хигиената. Центарци тоа го заслужуват и очекуваат.