Евентуално загрозување на европската перспектива преку неможноста да се отвори македонскиот устав и во неговата Преамбула да се внесат Бугарите, би можело да ги зголеми фрустрациите кај Албанците во земјава, па дури и да се појават нови идеи за реорганизација на државата. Вака заканувачка порака упати лидерот на Алијанса за Албанците, Таравари во интервју за Тв Шења, од каде јавно го повика и Миицкоски да каже што ќе се случи со земјава ако поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ за впишување на Бугарите во уставот, ниту годинава земјава не започне со отворање на поглавјата за влез во Унијата.
-Можно е да се случи радикализација на албанските партии ако биде загрозена европската перспектива на Македонија. Може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе, изјави Таравари.