Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај почна со најавената темелна „чистка“ во албанските дипломатски претставништа низ светот.
Според Минстертвото до сега во Тирана повлечени се 28 лица од дипломатските претставништва.
Меѓу нив се двајца дипломати од кариера во албанската амбасада во Атина, Флориан Нова и Енкелејда Риза, како и конзулот во Амбасада Артур Порпологу, па во моментот во Амбасадата е само амбасадорката Ардиана Хобдари, против која пак е покрената дисциплинска постапка поради скандлот со исчезнатите 100 албански пасоши.
Во Тирана се враќааат и дипломатката Блерта Дерхеми, која е дел од албанската мисија во Европската унија, потоа конзулот во Унгарија, Марин Мекси, конзулот во Данска, Марсела Џиџо, советничката во амбасадата во Лондон, Пранвера Скана.
– Со моето доаѓање на оваа функција, пред осумдесетина денови формирав работна група, која детално го испита квалитетот на човечките ресурси на дипломатската служба на Албанија. Дел од оние кои се вратени назад во Тирана го надминале однесувањето на дипломат, додека други не се на потребното ниво, изјави Цакај.
Во врка со бранот смени во дипломатските претставништва, поранешната министерка за надворешни работи и позната универзитетска професорка Арта Даде оцени дека „она што го прави министерот Цакај е незаконско“.
Познатиот албански адвокат и поранешен министер за правда, Спартак Нѓела, на смените гледа позитивно потенцирајќи дека „земјата страдала од мртва дипломатија и оти амбасадите се срам пред Бог“.