Заштедите на албанските граѓани во евра, на крајот од 2018 година, достигнаа рекордни над четири милијарди евра, што претставува зголемување за 10 отсто во споредба со претходната година, објави Централна банка на Албанија.
Банката, потврди дека депозитите во евра во 2018 година пораснале за 370 милиони евра, што е многу повисока бројка од претходната година, кога тие се зголемиле за 68 милиони евра.
Според структурата, околу 77 отсто од депозитите во евра се во сопственост на физички лица, при што 35 отсто од нив се орочен на една година. Останатиот процент од депозитите отпаѓаат на корпоратвни или деловни субјекти.
Податоците потврдуваат дека еврото продолжува да биде главна валута во која Албанците претпочитаат да ги чуваат своите заштеди, зашто наспроти растот на заштедите во евра, оние во домашна валута, лекот, минатата година се намалиле за 3,5отсто.