Албанскиот премиер Еди Рама, кој вчера даде заклетва пред претседателот Илир Мета во својство на министер за Европа и надворешни работи, денека на свеченоста на превземањето на функцијата во Министертвото, рече дека „нема да биде тој кој ќе ја раководи институцијата,туку Гент Цакај“.
-Ова е најкуса изјава во мојот живот. Јас, Еди Рама во својство на премиер и министер за Европа и надворешни работи, на актуелниот заменик министер Гент Цакај му го предавам раководењето со министерството и застапувањето во меѓународните институции, -рече Рама,со што „де факто“ Цакај ги превзема сите надлежности на министер.
Косовецот Цакај беше предлог на Рама со темелната реконструкција на Владата,со која беа сменети еден вице премиер и седум министри,но претседателот Мета не ја потпиша уредбата за негово наименување,со образложение дека нема искуство и оти ја подржува идејата на косовскот претседател Хашим Тачи за корекција на границите со Србија,односно размена на тертории.
Новот министер Цакај (28) се заблагодари на довребата што му ја дава премиерот,нагласувајќи дека неговата младост не значи дека не може да одговори на оваа многу значајна функција.
-Работата која не очекува е голема и нема да запрам во процесот кој е во тек за да ја однесеме Албанија во Евопската унија,порача Цакај.
Претходно Цакај беше советнк на премиерот Рама а потоа беше наменуван за заменик министер за Европа и надворешни работи.