Студентите во Албанија продолжија со протестите со најава дека истите ќе траат се додека не им бидат исполнети сите нивни барања.
Во Тирана, каде се протестира трет ден, протестот беше многу помасовен од претходните, бидејќи се придружија и студенти од други градови. Студентите ги повикаа да им се придружат и средношколците, бидејќи како што порачаа „она што денес ќе го остварат тие, ќе биде во нивна корист утре“
Албанската Влада вчера исполни едно од четирите барања на студентите, укинувајќи го членот од законот за високо образование со кој се предвидуваа нови тарифи за повторен упис на година и полагање заостанати предмети.
Тие денеска до министерката за образование Линдита Никола доставиле писмо со осум барања, меѓу кои во управите на унверзитетите да има студентски претставник, подобрување на условите во домовите за сместување, двојно намалување на тарифата за студирање, зголемување на буџетот за високо образование…
Подготвеност за дијалог освен министерката Никола изрази и премиерот Еди Рама, кој преку Фејсбук им порача на студентите да одберат свој претставник кој ќе разговара со него.
-Дојдете да разговараме. Имам многу да ви кажам, сакам да ме слушнете, им порача Рама.
Тие одбија било каков дијалог, туку категорично бараат исполнување на барањата.
Ова, инаку, е најголемо студентско движење во Албанија по 1990 година.