Албанскиот Парламент утре на вонредна седница ќе гласа за предлогот на премииерот Еди Рама за избор на нови министри во неговиот Кабинет.
Со оваа прва темелна реконструкција на Владата од нејзиното формирање во септември 2017 година, за што уредба веќе потпиша албанскиот претседателот Илир Мета, Ерјон Браче ќе биде вице-премиер, Косовката Беса Шахини, министерка за образование, а Анила Денај ќе раководи со Министерството за финансии и економија. Белинда Балуку ќе биде министер за инфраструктура и енергетика, Бледи Чучи за земјоделство, Елва Маргарити за култура, додека Едуард Шалси е нов државен министер.
Премиерот Рама го воведува повторно Министерството за односи со Парламентот и за негов прв човек ја назначува Елса Спиропали.
Пратенците утре ќе гласаат за овие предлози, што имајќи го во предвид бројот на пратенците од владејачкото мнознство ќе биде само формално.
Рама го смении и министерот за Европа и надворешни работи Дитмир Бушати, предлагајќи го на негово место Косовецот Гент Цакај, но Мета не ги потпиша уредбите ниту за разрешување на Бушати, ниту за именување на Цакај.
По неколкудневнте препски на релација Мета-Рама, премиерот вчера соопшти дека оваа функција до изборот на нов минстер ја превзема лично тој.
Се уште нема потврда дали пратеницте од албанската опозиција ќе учествуваат на седницата. За опозицијата, реконструкцијата на Владата е само „мајтапење со народот“ и оти Владата на премиерот Еди Рама веќе паднала. Според опозицијата, новите министри се „мешавина на неспособни, анонимни и дел корумпирани лица“.