Покрај се поголемиот процент на албански граѓани кои емигрираат во странство, со забрзана динамика продолжува и преселбата од помалите во големите градови во земјата, покажуваат податоци од Државниот институт за статистика (ИНСТАТ).
Според најновите статистички податоци за разлика од малите градови кои се празнат, Тирана, Драч и Валона стануваат пренаселени.
Само во Тирана денес живеат 895.000 жители или 31,3 отсто од вкупното население, што е трипати поголема бројка на население во споредба од пред три децении кога Тирана имаше околу 300.000 жители.
Експертите ја нагласуваат потребата од инвестиции и поддршка на политиките за развој во другите делови на земјата, како начин за подобрување на условите за живот и спречување на раселувањето.
Според податоците на ИНСТАТ градови кои забрзано се празнат се северниот град Кукс, кој денес има 77.000 и јужниот град Ѓирокастро со само 61.000 жители.