Потрагата и спасувачките операции по преживеаните од земјотресот што ја погоди Албанија официјално е завршена, бидејќи се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека во земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што се случи во средата загинаа 50 луѓе, а околу 2.000 се повредени.

Рама наведе дека според прелиминарните проценки околу 900 згради во Драч и над 1.465 во Тирана се сериозно оштетени.