Албанскиот премиер Еди Рама одби да биде почесен граѓанин на опшитина Пешкопеја.
Во соопштението од Владата се наведува дека премиерот Рама е против доделување почесни титули за политичари кои се на власт.
– Премиерот Рама бил, е и секогаш ќе биде против почесните титули за политичарите на власт. Заблагодарувајќи се на сите оние кои можеби мислеле добро, премиерот Рама ја отфрла титулата почесен граѓанин, што денеска му ја додели општина Пешкопеја, се наведува во владиното соопштение.
Одлука за прогласување на премерот Рама за почесен граѓанин на овој пограничен град, денеска ја донесе Советот на општината со мотивација за дадениот придонес за изградба на автопатот „Руга е Арбрит“(Патот на Арбр), кој се очекува многу да придонесе за економскиот развој на целата околија Пешкопеја.
Овој сегмент Тирана ја поврзува со граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар и оддалеченоста ја намалува од 180 на само 72 километри.