Невреме проследено со силен ветер и снежни врнежи ја зафати речиси цела територија на Албанија.
Силниот ветер по патиштата преврте три тешки товарни возила на различни места во околијата Лежа, каде јачината на ветрот беше најголема.
Ветерот урна многу билборди и верткална сигнализација, откорна дрвја и носеше покриви од куќи, а без струја остави неколку делови во земјата.
Во Албанија се вратија и снежните врнежи, кои ги има насекаде, па дури и во пристанишниот град Драч.
Снежната покривка е најголема во северниот и северосточниот дел на земјата, која посебно создава проблеми во одвивањето на сообраќајот на дел од автопатот Тирана-Кукс.