Албанската полиција во рамки на акцијата „Лиќени“ (езеро) спречи шверц на 204 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана на територијата на Црна Гора.
Дрогата е запленета во близна на Скадарско Езеро, кај селото Варка, област Голема Малесија, при што уапсено е лицето Марјан Куртеза (33) од селото Нов Штој, додека по Д.Б.(35) од Скадар, се уште се трага.
– Врз основа на информациите и оперативната полициска работа во врска со дејствувањето на криминална група која шверцувала марихуана од Скадар во Црна Гора, денеска, во раните утрински часови, спречен е шверц на 204 килограми марихуана. Во акцијата запленети се и две моторни возила „Ланд Ровер“ и автомобил марка мерцедес, четири мобилни телефони, како и средства за пакување на наркотичното средство, стои во соопшштенето од Регионалниот полциски комесаријат во Скадар.
Истрагата продолжува за индентификација и апсење и на други лица вмешани во оваа криминална активност.
Во изминатите денови големи количества марихуана внесена од Албанија се запленти во Грција и во Италија. Пред два дена италијанската полиција заплени околу два тона мархуана прошверцувана од Албанија.