Државниот институт за статистика, ИНСТАТ, објави дека месец март се покажал како попозитивен за туризмот во Албанија бидејќи забележан е зголемен број странски туристи.

Според ИНСТАТ, над 170.000 странски државјани влегле во земјата минатиот месец или околу 78,6 отсто повеќе од март минатата година, кога пандемијата само што пристигна во земјата, а странските земји издадоа забрана за летови.

-Сепак и покрај позитивните показатели во март, состојбата останува далеку од нормалната, бидејќи во првото тромесечие во земјата влегле 513,7 илјади странски посетители што е за околу 60 илјади помалку од истиот период минатата година, потврдуваат статистичките податоци.

Туристите од Косово забележале најголем пораст, за 38,3 отсто или околу 245,3 илјади турсти што е 68 илјади повеќе од периодот јануари-март 2020 година.

Од друга страна, блокадата на копнените граници, како и прекинот на летовите со Велика Британија подолг период, поради пандемијата, довело до значително намалување на туристите од Грција и Англија за околу 83,5 односно 70,5 отсто.

Повеќето од посетите биле за лични цели, главно за празници или посети на роднини а некои од нив за деловни цели.

Во март, бројот на албанските граѓани кои заминале во странство е зголемен, со вкупно 255,7 илјади, што е околу 45,6 отсто повеќе отколку во март 2020 година.

Во текот на првото тромесечие во странство патувале 756,4 илјади што е 31,3 отсто помалку споредено со истот период лани кога надвор од земјата патувале 1,1 милион албански граѓани.