Драстичниот раст на цените силно ги погодува албанските потрошувачи со дополнително зголемување на нивните животни трошоци, што пак предизвика инфлацијата во март да достигне 5,7 отсто, што е највисоко ниво во последните две децении.
– Оваа стапка на инфлација е многу повисока од онаа што ја предвидуваше Централна банката на Албанија од три проценти, но е очекувана и врз основа на проекциите на самата институција, според кои бранот на поскапувања нема да запре ниту во останатиот период од годинава, наведува Топ чанел.
Според статистичките податоци, во овој период поскапеле речиси сите производи, особено храната, со основните производи во потрошувачката кошничка, како и горивата, за кои, албанските граѓани платиле значително повеќе.
– Пораснаа и трошоците за кирија, сметките за вода и струја, како и во кафулињата и рестораните. Ценовната криза ќе продолжи да предизвикува големи проблеми во буџетите на албанските потрошувачи, каде над 42 отсто од нивните трошоци отпаѓаат само за храна, а се чини дека нејзините ефекти ќе се чувствуваат подолг период, оценува телевизијата.
Февруарската инфлација во Албанија достигна стапка од 3,9 отсто.